11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовостиОбраќања

Препораки од јавна дебата со граѓански организации и фондации

Препораки од јавна дебата со граѓански организации и фондации

ПРЕПОРАКИ ОД ЈАВНА ДЕБАТА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОНДАЦИИ ОД ОПШТИНА КУМАНОВО

       На 19.05.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на поранешен Комитет (кружна сала), се одржа јавна дебата со претставници на граѓански организации и фондации од Општина Куманово.

      Јавната дебата беше организирана на иницијатива на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР. На дебатата се разговараше за прашања и теми од интерес за заедницата, како и за можностите за соработка со граѓанските организации.

Препораки од страна на граѓански организации по области:

 

I1. Млади, образование и култура

  • Формирање младински центар во централното градско подрачје како простор за младински активности, неформално образование, волонтерство и културни содржини.
  • Обезбедување долгорочни едукативни програми и активности за млади.
  • Организирање културни манифестации, кино-проекции и настани креирани од млади за млади.
  • Развивање практични вештини кај младите преку обуки, работилници и едукативни програми.
  • Поттикнување на волонтерството и препознавање на волонтерската практика како предност при вработување.
  • Организирање кино-проекции и културни настани на отворено.

2.Инфраструктура и урбан развој

  • Подобрување на локалната инфраструктура преку реконструкција на улиците, уредување зеленило и детски катчиња.
  • Подобрување на уличното осветлување и зголемено присуство на реонски полицаец.
  • Воведување паркинг-зони и ослободување на тротоарите од непрописно паркирани возила.
  • Изградба на велосипедски патеки, пешачки зони и унапредување на урбаната мобилност.
  • Подобрување на условите за живот во ромските населби преку асфалтирање улици, решавање на проблемот со отпадот и подобрување на уличното осветлување

3.Животна средина и комунални прашања

  • Редовно собирање отпад и чистење на диви депонии.
  • Подигање на еколошката свест преку едукативни кампањи и активности.
  • Поголема контрола кај рамското населеиие за ушравување со отпад ( решно корито)
  • Поставување канти за отпадоци и рециклирање во јавните простори и училиштата.
  • Формирање комунална полиција и еко-патроли за подобра контрола и заштита на животната средина.
  • Засилени инспекциски контроли и санкции за загадување и несовесно однесување.

4.Подобра грижа и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња

 

  • Изработка на долгорочна општинска стратегија за хуман третман и контрола на популацијата на бездомни кучиња.
  • Зголемена соработка помеѓу локалната самоуправа, јавните претпријатија, ветеринарните служби и граѓанските организации.
  • Јавни приватни партнерства или формирање и поддршка на прифатилишта со соодветни услови за грижа, третман и ресоцијализација на животните.
  • Воспоставување база на податоци и евиденција за бездомните и регистрираните домашни кучиња.
  • Поттикнување на одговорно сопствеништво преку едукативни кампањи за регистрација, вакцинација и грижа за домашните миленици.
  • Засилени инспекциски контроли и санкции за неодговорно сопствеништво, напуштање животни и нерегистрирани миленици.
  • Обезбедување побезбедни јавни површини преку редовен мониторинг на критичните локации со зголемено присуство на бездомни кучиња.
  • Вклучување на образовни институции и локалната заедница во активности за подигање на свеста за хуман однос кон животните и безбедно однесување.
  1. Социјална заштита и инклузија
  • Воспоставување сервис за помош и нега на стари, осамени и ранливи лица во домашни услови.
  • Формирање центри за привремена грижа за деца и лица со попреченост.
  • Воспоставување евиденција на сиромашни семејства и ранливи категории граѓани.
  • Подобрување на пристапноста преку спуштени тротоари, звучна сигнализација и обележани паркинг-места за лица со попреченост.
  • Обезбедување приспособен јавен превоз за лица со попреченост.
  • Обезбедување приоритетен пристап до општинските услуги за лицата со попреченост.
  • Поттикнување на вработувањето и обезбедување поддржано домување за лица со попреченост.
  1. Ментално здравје и заштита од насилство
  • Развивање програми за поддршка на менталното здравје и бесплатно советување за млади лица во криза.
  • Организирање активности за подигање на свеста за важноста на менталното здравје.
  • Отворање шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно и родово-базирано насилство.
  • Зајакнување на институционалната поддршка и превентивните механизми за заштита од насилство.
  1. Родова еднаквост и меѓуетничка соработка
  • Поголемо вклучување на жените во локалните заедници и процесите на одлучување.
  • Организирање активности за подобрување на меѓуетничката комуникација и соработка.

 8.Граѓански организации и локално управување

  • Подобрување на соработката и координацијата помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации во делот на заедничко аплицирање на поголеми проекти од јавен интерес.
  • Формирање координативно тело и ажурирана база на податоци за активните организации.
  • Обезбедување јавен простор за функционирање и активности на граѓанските организации.

9.Туризам и локален развој

  • Поголема поддршка за локалниот туризам, туристичка понуда и програма и учество на регионални саеми за нејзина промоција.
  • Поголеми инвестиции во дел на сместувачки капациети.
  • Рурален развој и селски домаќинства за промоција на рурален туризам.

 

  1. Здравство и превенција
  • Организирање едукативни активности за рано откривање канцерогени заболувања.

 

  1. Економија

 

  • Отворање занаетчиски центри или работилници како заеднички простори за работа, обука и промоција.
  • Поттикнување на младите за изучување традиционални и современи занаети.
  • Организирање саеми, изложби и промотивни настани за локални занаетчии и нивните производи.
  • Поддршка за дигитализација и пласман на занаетчиски производи на пошироки пазари.
  • Да се иницира системски решенија и субвенции на централно ниво со можност да се имплементираат и на локално.
  • Субвенции при отварање на бизнис компнаии и поголема активност и транспарентност од Локално Економскосоцијален Совет Куманово.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Дванаесетта седница на Совет на Општина Куманово