11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК за градежни компании

ЈАВЕН ПОВИК за градежни компании

Општина Куманово во партнерство со УНДП објавува отворен Повик за избор на изведувач за реконструкција на фасада, кровен покривач и прозорци на објектот на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово.

Интервенцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, одбрана како приоритетна мерка на одржани два граѓански Форуми во Општина Куманово во 2025 година.

Проектот е финансиран од Кралство Шведска и Општина Куманово,  имплементиран од УНДП со фокус на подобрување на квалитетот на воздухот и  унапредување на енергетската ефикасност преку реконструкција на фасадата, кров и прозорци на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово со соодветни градежни мерки.

Заинтересираните компании може да аплицираат преку следниот линк

https://procurement-notices.undp.org/view_negotiation.cfm?nego_id=42768 Краен рок за поднесување на понудите е 5 март 2026 година (четврток), до 11:00 часот. За дополнителни информации, погледнете ја техничката документација објавена на линкот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email