Зелена инфраструктура за одржлив урбан развој во Ќустендил и Куманово
Проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, финансиран со договор бр. RD-02-29-430/01.07.2024 во рамките на програмата INTERREG VI-A IPA Бугарија и Северна Македонија 2021-2027 со реф. бр. 2021TC16IPCB006, има за цел да создаде одржлива функционална врска помеѓу природните и планираните елементи на зелениот систем во урбанизираната прекугранична средина Ќустендил – Куманово.
Преку проектот, функционaлност на зелената инфраструктура ќе се обезбедат повеќекратни придобивки за населението – од подобрување на квалитетот на воздухот и подобрување на урбаните целини до промовирање на еко-иновации и одржлив урбан развој. Во исто време, природната средина ќе биде зачувана и развиена, создавајќи поздрава и попријатна урбана средина за жителите.
Водечки партнер: Општина Ќустендил, Република Бугарија
Партнери на проектот: Општина Куманово, Република Северна Македонија и Центар за развој на Третиот североисточен регион, Република Северна Македонија
Главни активности на проектот:
• Создавање зелени урбани површини и јавни градини во Ќустендил и Куманово
• Развој на стратегија и план за зелена инфраструктура
• Градење капацитети и обука на специјалисти
• Информативни кампањи за промоција на зелени практики
Проектот ќе обезбеди голем број придобивки за локалните заедници – од подобрување на социјалните и еколошките услови до имплементација на иновативни решенија за одржливо урбано управување.
Времетраење и буџет:
Проектот ќе се спроведува до 31.12.2026 година со вкупен буџет од 541.709,45 евра, распределен помеѓу партнерите:
• Општина Ќустендил: 199.066,94 евра
• Општина Куманово: 298.529,91 евра
• Центар за развој на Третиот-Североисточен плански регион, Република Северна Македонија: 44.112,60 евра:
Клучни активности на локациите:
Општина Куманово:
• Изградба на зелена површина за управување со дождовницата (зелени улици/дождовни градини)кај спортската сала во Куманово
• Создавање на два Алпиниума во средното училиште „Перо Наков“ и поставување на урбана опрема
• Садење на 220 дрвја по должината на 2-километарскиот булевар „Октомвриска револуција“ со поставување на клупи и канти за отпад
• Садење на 137 дрвја по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ со поставување на клупи и канти за отпад
• Поставување на зелен sид на паркингот на плоштад Маршал Тито со систем за наводнување капка по капка
• Хортикултурно уредување – засадување на 16 дрва во дворот на техничко училиште, Училишен дом професор Мијалковиќ, Куманово
Општина Ќустендил:
• Реновирање на „Езерата“ еко-парк со садење нови видови дрвја и грмушки, изградба на ботаничка алеја, еколошки изложбени површини, поставување градинарски клупи и корпи за отпадоци, изградба на автоматизиран систем за наводнување
• Подобрување на рекреативна зона во централниот дел од градот со цветни површини, нови градинарски клупи, корпи, тревнување и садење грмушки, чистење на споменикот и изградба на автоматизиран систем за наводнување
Градилиштето на локациите во Ќустендил беше официјално отворено на 01.12.2025 година, а во Куманово активностите веќе активно се спроведуваат. Жителите можат да ги набљудуваат вистинските промени и да уживаат во новите зелени површини.
Проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“ е пример за успешна прекугранична соработка и одржлив урбан развој, интегрирање на природата во урбаната средина, подобрување на квалитетот на животот и создавање атрактивни и здрави простори за сите жители.
Оваа публикација е финансирана од Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на Општина Ќустендил и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.