11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Културна – уметничка вечер во чест на празникот Василица

Културна – уметничка вечер во чест на празникот Василица

Во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир” – Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината, вечерва во Занаетчиски дом се одржа пригодна прослава, со културно – уметничка програма, посветена на верскиот празник Василица, која се организира повеќе од 20 години. Претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, со пригодни зборови го отвори настанот, нагласувајќи ја убавината и меѓусебната почит и сплотеност на граѓаните, кои живеат во мултиетничка заедница. Свеченоста е организирана со цел да се пренесе пораката до помладата генерација, за продолжување на вековната традицијата на одбележување на народните обичаи и негување на културно – историското наследство. Пред присутните настапија ученици од општинските основни училишта со празнични песни, рецитал и фолклорна игра, во духот на традицијата. На манифестацијата присуствуваа членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email