11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Посета на дипломатски претставници на Општина Куманово

Посета на дипломатски претставници на Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на претставници од општинската администрација, денеска имаа средба со претставници од Асоцијацијата Алзас во Македонија – АЛМА.На конструктивниот прием, се разменија идеи и планови за соработка со претседателот на АЛМА и почесен конзул на РСМ во Француската Република, со седиште во Стразбур, Жак Шлеф, потпретседателот Кристијан Кунцел и претставник на Меѓународната унија на Алзас, Жерар Кинц.Во рамки на денешната посета, дипломатските претставници остварија средба со раководните лица на ООУ “Толи Зордумис” – Куманово, подрачно училиште во с.Режановце, во кое ќе започне реконструкцијата на училишната зграда, со обнова на прозорци и врати и со директорот на ЈЗУ Општа болница – Куманово, каде се планираат донации и инвестиции.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email