Во знак на почит и благодарност кон ликот и делото на легендарниот партизански командант, учесник во НОБ, Христијан Тодоровски Карпош, свежо цвеќе пред неговата биста во дворот на училиштето, положија делегација на Општина Куманово, предводена од раководителот Александар Јовановиќ и делегација на Советот на Општината, предводена од претседателката Ивана Ѓорѓиевска.
Денешниот настан го увеличаа ученици со пригодна поетска реч, во спомен на својот патрон.
Наставниците и учениците ООУ “Христијан Карпош”– Куманово со свечена приредба под мотото “Учиме, создаваме, постоиме”, одбележаа 67 години успешно постоење и работење, во спортската сала на училиштето.