Кумановскиот градски плоштад денеска претставуваше голема сцена на креативни групни маски, изработени од повеќе општински образовни институции, во организација на Oпштина Куманово и Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.Пред присутните се претставија преку 500 маскирани учесници, од 7 објекти на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”, од ООУ “Магдалена Антова”, ООУ “Браќа Миладиновци” и ООУ “Вера Которка”, општинските средни училишта и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово, со вкупно 14 групни маски.Настанот го отвори секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, истакнувајќи ги културните вредности, кои ја поврзуваат заедницата во секојдневниот начин на живот.Овогодинешното традиционално 22 -ро издание на манифестацијата, имаше ревијален карактер, со доделување на благодарници на сите учесници на маскенбалот.Претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општината беа дел од публиката на градскиот плоштад.












