Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Институт “Конфуциј” – Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Биљана Ангелова. На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација и претставници од Институтот “Конфуциј” – УКИМ од Скопје, проф. д-р Лијао Веи, кинески директор и проф. д-р Влатко Стоилков, македонски директор. Со овој меморандум двете страни ја изразуваат својата подготвеност да соработуваат и заемно да пружат помош и поддршка во развој на образовните процеси.


