Со пригодна културна – уметничка програма, ООУ “Бајрам Шабани” – Куманово, денеска ја прослави 81 годишнина од своето постоење.
Пред присутните настапија ученици со поетски стихови, драмски настап, песна и игра, под водство на своите наставници, увеличувајќи ја празничната атмосфера, во чест на патронот на училиштето, кое бележи успешни достигнувања и резултати во текот на долгогодишното егзистирање.





