Одлука за доделување на простор на Здружение “Доверба”, потребен за бесплатни индивидуални и групни, семејни психотерапии и стручна поддршка за надминување на кризни периоди и спречување на последици по ментално здравје, првенствено кај младите.
– Одлука за доделување на простор во Занаетчиски дом за отварање на Европска куќа, центар за млади, по добиено писмо со намера, од страна на Делегација на Европска Унија во Македонија .
– Одлука за усвоен Извештај -Елаборат за висина на штети од природни непогоди и други несреќи во Општина Куманово.
– Усвоен Енергетски план за 2027 година, со иницијативи поднесени до Општина Куманово, согласно Законот за енергетика.