11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Литературно читање во чест на Св.Кирил и Методиј

Литературно читање во чест на Св.Кирил и Методиј

Во одбележувањето на големиот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, се придружија и претставниците Општинскиот совет за превенција на детско престапништво од Општина Куманово, во соработка со Отсекот за превенција – СВР Куманово, кои организираа литературен општински натпревар, во СОУ “Перо Наков” – Куманово.
На манифестацијата учествуваа ученици од основните и средните училишта, кои се претставија со лични творби, поезија и проза, пред комисија составена од наставници по македонски јазик. Најуспешните творци беа наградени со дипломи и ваучери, а на сите ученици и ментори, им беа доделени благодарници, за нивното учество на литературниот настан.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email