11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Превентивна активност за безбедност на граѓаните во Куманово

Превентивна активност за безбедност на граѓаните во Куманово

Отсек за превенција при СВР Куманово и Општински совет за превенција спроведоа превентивна активност на повеќе локации во Куманово, насочена кон безбедноста на пешаците и непрописното паркирање на тротоарите.

Во активноста се вклучија и членовите на Советот на Општина Куманово, со цел да се укаже на потребата од одговорно однесување во сообраќајот, почитување на пешачките премини и ослободување на тротоарите за безбедно движење на пешаците.

На совесните пешаци и возачи кои ги почитуваат сообраќајните правила, им беа доделени маици со лого, обезбедени со поддршка на Општинскиот совет за превенција.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кампања „Куманово Мој Зелен Дом„