На спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово овој викенд ќе се одржи традиционалниот „Беарс Мото рок фест“, во организација на Спортското здружение на мотоциклисти Мото клуб „Мечки“, со поддршка на Општина Куманово.
Љубителите на рок музиката ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма, со настапи на домашни и странски изведувачи.
На 12.06. (петок) ќе настапат: Tumba (РСМ), Rock Apoteka (Србија) и AC/DI (Италија).
На 13.06.2026 година (сабота) фестивалската атмосфера ќе ја збогатат: Overload (РСМ), Guadalupe Plata (Шпанија), Dani (РСМ) и легендарниот рок состав Van Gogh (Србија).