11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

“Срце без граници” – Bears moto rock fest 2026

“Срце без граници” – Bears moto rock fest 2026

Музичкиот рок спектакл во организација на спортското здружение на мотоциклисти – мото клуб “Мечки” Куманово, со поддршка на Општината, се одржа на спортскиот аеродром Аџи Тепе.
На сцена настапија повеќе рок групи од земјава и странство, пред многубројните љубители на музиката и мотоциклизмот (10 000 посетители),  кои се дружеа и забавуваа на тридневниот традиционален мото рок фестивал (12-14 јуни 2026 год.)
Првата фестивалска вечер ја отворија кумановскиот популарен поп рок бенд Тумба, потоа настапија музичките групи Рок Апотека од Србија и AC/DI – best AC/DC tribute band од Италија. Подиумот во текот на втората вечер, беше резервиран за македонските претставници Overload и Дани, Guadalupe Plata од Шпанија и српската рок атракција Van Gogh.
Пред публиката се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, посакувајќи им незаборавни моменти на сите гости, кои допатуваа од повеќе градови од земјава и странски држави.
Овогодинешниот мото собир под мотото “Срце без граници”, ја продолжи хуманата мисија, со донација на средства наменети за помош и поддршка на млад живот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Годишен концерт на Балетско студио УЛТРА