11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Годишен концерт на Балетско студио УЛТРА

Годишен концерт на Балетско студио УЛТРА

Во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, вечерва се одржа годишен концерт на Балетско студио УЛТРА, со поддршка на Општина Куманово.
На сцената во првиот дел на концертот се претставија сите членови на балетското студио, со повеќе кореографии (“Ерделези”, “ Сите деца се суперхерои”, “Peacock”, “Танцот на црвените срца”, “Living in a bubble”, “Гореж”), кои низ игра и музичка позадина на маестрален начин ја изразија убавината на танцот.
Во вториот дел настапија балерини во сениорска возраст, изведувајќи го танцовиот перформанс “Примитивна наука” (Primitive science), на музика од Кирил Џајковски.
Сите кореографии се дело на Александра Нацевска.
Престижната награда – танчер на годината и беше доделена на Мила Јакимовска, признание за постигнати успеси, несебично залагање и вложување во танцот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
“Срце без граници” – Bears moto rock fest 2026