Во организација на Здружение на пензионери од Куманово, во Занаетчиски дом, се одржа Фестивал на хорски ансамбли.
На овој културен настан настапија хорски состави од Куманово, Виница, Прилеп, Кочани и скопските општини Центар и Чаир, претворајќи ја средбата во вистински празник на музика, пријателство и заедништво.
Традиционалната манифестација ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која ја потенцираше оваа несекојдневна можност за другарување, преку споделување на љубовта кон музиката и македонската традиција.
Со песна и позитивна енергија, средбата на здруженија на пензионери од Македонија, уште еднаш потврди дека музиката ги обединува луѓето, истакнувајќи ја важноста за негување на културните вредности и создавање нови пријателства меѓу пензионерите од земјава.









