Во име на општина Куманово, денес во Лесковац (Србија), секретарот на општината Емилија Сларидис Јаневска, заедно со Емрах Чоти претставник од заеднички технички секретаријат, потпиша договорот за грант за имплементација на проектот „The Pathway to Prosperity“.
Општина Куманово преку проектот ќе врши ревитализација на делови од меморијалниот комплекс “Пелинце”.
Проектот е финансиран преку програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2021-2027, со водечки партнер Општина Куманово и партнер од Република Србија “Туристичка организација на Општина Лесковац”. Вкупната вредност на проектот изнесува: 663,268.60 евра за двата партнери на проектот, од кои 497,053.49 грант од Европската Унија и 166,215.11 евра сопствено кофинансирање. Ова програма се спроведува преку Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерство за Европски интеграции, и со договорен орган Министерство за финансии на Р.Србија. Министерство за локална самоуправа како партнер на програмата ќе покрие дополнителни 15% ко-финансирање од Буџет на МЛС за Општина Куманово, како дел од постојаната подршка за програмите за прекугранична соработка.
