Општина Куманово ги известува сите граѓани дека на ден 30.06.2026 година завршува мерката за субвенционирање на општинскиот линиски превоз, со која во изминатите три и пол години на граѓаните им беше овозможено користење на општинскиот превоз без директно плаќање на билет.
Воедно, Ве известуваме дека од 01.07.2026 година повторно ќе се применува редовниот систем на наплата на билети, по утврдена висина на цена по билет, согласнo Одлука на Советот на Општина Куманово.
Цена на билет по зони, утврдена со одлука на Совет:
I зона – тарифен број 1 – 30 денари
II зона – тарифен број 2 – 40 денари
III зона – тарифен број 3-60 денари
IV зoнa – тарифен број 4 – 80 денари
V зона – тарифен број 5 – 100 денари
VI зона – тарифен број 6 – 120 денари