Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со елементарната непогода од обилни врнежи на територија на Општина Куманово, како и со актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар.
На состанокот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, претставници на Општината, ТППЕ – Куманово, ЈЗУ Општа Болница – Куманово, ЈП Национални Шуми подружница Куманово, ЈП “Чистота и зеленило”, ДЗС – Куманово.
На состанокот беа донесени следниве заклучоци:
- ЈП “Чистота и зеленило”, ЈП “Водовод” и ТППЕ – Куманово активно работат на терен за расчистување на паднатите дрвја, кровни конструкции и други материјали.
- За пријавување на штети и потреба од помош за санирање на последиците од невремето, граѓаните можат да се обратат на:
Општински штаб за заштита и спасување, 078/365-061.
За итни интервенции, ТППЕ Куманово – 193
Даниел Спиридонов (овластено лице од Општина Куманово), 071/338-034.
- Општина Куманово ќе издвои финансиска поддршка за набавка на вода за Општина Гостивар од средствата на општинскиот буџет, предвидени за финансирање на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
- Општината ќе обезбеди и испорача вода со цистерна од ТППЕ Куманово.