Денес Отсек за превенција и Општински совет за превенција спроведоа превентивна активност наменета за електрични тротинети и новите измени во Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На возачите им беа делени превентивни флаери со информации за новите измени на законот за управување со електрични тротинети.
Со новите измени кои се на сила, направена е измена на овој тип на возила која гласи ” Лесно електрично возило” со најмалку две тркала како се движи на електричен погон со помош на електромотор, и лесно електрично возило-Тротинет отсега натаму може да управува само лице со наполенти 18 години,
-минимална брзина на движење со лесно електрично возило е до 20 км на час
-возачот со велосипед и лесно електрично возило, велосипед со помошенен мотор ,мопед, на пешачки премин е должен е да го турка возилото,
-возачот на лесно електрично возило несмее да превезува други лица или домашни миленици,
-задолжително да се носи заштитен шлем, а во ноќни услови, до разденување да носи и рефлектирачки елек за обележување,
-возач на лесно електрично возило несмее да го управува возилото во сообраќај на патот, а ниту да започне движење ако е под дејство на алкохол. Покрај утврдени глоби за возачите на лесни електрични возила односно родители или старател на дете кое сторило прекршок, за одредени прекршоци се предвидува и одземање на возилото до 30 дена.
СВР Куманово-Отсек за првенција ќе продолжи и понатаму со вакви превентивни активности, за информирање на деца, младинци и родители, со новите измени за управување со лесно електрично возило-Тротинет.
Се упатува апел до родителите, децата, малолетници да се почитуваат законските ограничувања,со цел сите заеднички да спречиме и намалиме сообраќајни незгоди со тешки повреди кои може да бидати загрозувачки по животот.