Во Комплексот етно село „Тимчевски“ започна 52-та Интернационална ликовна колонија “Куманово 2026” (06-11 август 2026 год.). Традиционалната колонија е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, во соработка со уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на Министерството за култура и туризам на РСМ.
Оваа година учествуваат 13 академски ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија, кои ќе творат во повеќе ликовни техники, претставувајќи ја својата инспирација и креативност, во форма на уметничка експресија. Нивните дела ќе бидат изложени на затворањето на изложбата, на 10 август 2026 година. Ликовната колонија е формирана во 1974 година и е една од најстарите во нашата држава, која опстојува повеќе од пет децении.

