На кумановскиот градски плоштад, вечерва се одржа 14 издание на фестивалот на народна хумористична песна, “Тумба фест 2026 Куманово”, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – “Етно ризница” Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.Љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско и српско поднебје, во изведба на музички уметници од Македонија, Србија и Германија:Ленче Кукиќ, Ташко Каранфиловски и “Астра бенд”, Нино Величковски, Катерина Мицанова, Марјан Драгиќ, Катерина Брезева и “Соната”, Матео Шваст, “Савршен дан”, Боби Амадеус и Татјана Јовановска, Василија Петрова, Јованка ЈО, Круме Спасовски и Владо Дојчиновски, Виктор Димитриевски, Борче Наумовски – министерот, Мишко Микеле Србиновски, Кире Науновски, Сашо Трајковски и Вукица Челебиева.На сите учесници и покровители им беа доделени благодарници за нивната посветеност, поддршка и учество на манифестацијата, а наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала ја понесе Раде Младеновски, за песната “Ракија”, композиција потпишана од Ристо Самарџиев и Цане Петров.Наградата за трајни вредности и припадна на познатата македонска вокална интерпретаторка, Ленче Кукиќ, за популаризација на македонската народна песна и за промоција на фестивалот со реноме, “Тумба фест”, музички настан кој е заштитен знак на градот.










