11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Промоција на возила за комунална хигиена во Скопје

Промоција на возила за комунална хигиена во Скопје

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска заедно со директорот на ЈП Чистота и зеленило – Куманово, Сашо Томиќ и советничката Сања Јакимовиќ – Петковска, присуствуваше на промоција на возилата за комунална хигиена во Скопје, на покана на Владата и Министерството за транспорт и врски на РСМ.
Новите возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиена во градот Скопје и општините: Куманово, Тетово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Неготино, Кичево, Дебар и Велес. Средствата за набавка на вкупно 49 возила се обезбедени со заштеда на средствата преку проектот за ревитализација и за изградба на нови локални и регионални улици, што го спроведува Владата со Светска банка, веќе неколку години.
ЈП Чистота и зеленило – Куманово ќе добие 5 возила за комунална хигиена: 1 цистерна, 2 автометлачки и 2 камиона за собирање на смет.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email