11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Потпишани Договори за соработка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки”

Потпишани Договори за соработка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки”

Во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, денеска во Скопје, беа потпишани трипартитни Договори за соработка на проектот: “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки” за учебната 2026/2027 година.
На настанот присуствуваа претставници од општините: Куманово, Берово, Битола, Виница, Прилеп, Чаир, Карпош, Делчево, Кочани, Велес, Гази Баба, Пехчево, Центар, Кавадарци, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Гостивар, Охрид, Тетово, Дебар и Штип, со директори и претставници од детските градинки, кадешто ќе се имплементира проектот, во оваа учебна година.
Договорите се потпишани по разгледување на Информацијата за инклузија на деца Роми, во предучилишното образование за период од 01.01. – 30.06. 2026 год., од страна на Владата на РСМ, по што беа усвоени заклучоци, кои доведоа до потпишување на денешните Договори и започнување на проектните активности.
На денешниот настан, Општина Куманово ја застапуваа претставникот од Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој, Ахмет Јашаровски и директорката на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово, Ивана Николиќ.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email