Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во придружба на директорот на ЈОУ “Зафир Сајто” – Куманово, Александар Крстевски, присуствуваше на свеченоста – Ден и крсна слава на Град Источно Сараево, Свети Петар Дабробосански, која се празнува на 17 септември, во Република Српска (БиХ). Свечената академија со културно – уметничка програма, беше централна манифестација која ја потенцираше историјата на градот, во чест и почит кон присутните делегации од регионот. Традиционалниот празничен настан ги обедини пријателските општини и градови, кои преку меѓусебната соработка и заедништво ја градат иднината и создаваат услови за просперитет на граѓаните.