Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска на територијата на Куманово, спроведе кампања во училиштата, против говор на омраза со акцент на спортски на натпревари, бидејќи “насилството” таму е најизразено.
Од кампањата е упатен апел до младите да се воздржуваат од секаков вид насилно однесување, ширење говор на омраза, поттикнување на верска и расна дискриминација, односно без навредливо и насилно скандирање.
Се повикува на фер – плеј навивање на спортските натпревари, со искажување на почит меѓу спротивставените екипи, кои го делат спортското борилиште.
За сите девијантни однесувања и појави, ќе следуваат законски казнени мерки, со поведување на постапки и повикување на одговорност.
Во рамки на денешните активности се делени едукативни брошури: “Има живот без насилство – кажи НЕ, на говорот на омраза!”