На 26 септември 2026 година (сабота) со почеток во 18:00 часот во спортската сала во Куманово, ќе се одржи натпревар од Суперкупот на Македонија „Драган Василев – Цевка 2026“, на кој ќе се соочат екипите на МКК Куманово и КК МЗТ Скопје Аеродром во машка конкуренција.
Овој значаен спортски настан годинава ќе биде во знак на јубилејот 80 години кошарка во Куманово. Осум децении кошарка, традиција, љубов и страст кон спортот, што низ генерации го обединуваат градов и ја создаваат богатата кошаркарска приказна на Куманово.
Ова претставува можност кумановската спортска публика да проследи врвен кошаркарски натпревар, исполнет со спортски дух, фер – плеј и вистинска кошаркарска атмосфера. поттик за генерациите, кои ќе ја продолжат кошаркарската традиција.