Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, присуствуваше на јубилејната конференција во Нови Сад, во организација на Министерството за европска интеграција.
Основна цел на конференцијата е претставување на програмите EuroMED, Interact I EPSON, во кои учествува Република Србија со претставници од повеќе регионални општини, високи државни функционери и претставници на европско ниво, меѓу кои и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Србија, Андреас фон Бекерат.
Настанот го отвори Немања Старовиќ, министер во Министерството за европска интеграција на Република Србија.
На церемонијата за доделување грантови – ИПА Програма за прекугранична соработка Србија – Република Северна Македонија, беше презентирана Програмата за двете соседни држави и шестте одобрени проекти од страна на претставникот на Заедничкиот технички секретеријат, каде учествуваше и министерот Иван Стоиљковиќ, од Министерството за локална самоуправа на РСМ.
На градоначалникот на Општина Куманово му е врачен грант за проектот “Pathways to Prosperity“.
Ова претставува голема можност и за други македонски локални единици, кои ќе имаат можност да бидат дел од идни проекти и повици.
На настанот учесниците имаа можност да проследат неколку панел дискусии на тема – Глобална Европа: “Создавање на иднината на соработката денес” и специјалната сесија: “Микро, мали и средни претпријатија”.
Во рамки на Националната конференција за програмите за европска територијална соработка, Димитриевски оствари средба со градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин.