11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

МТФ “Денови на комедија 2026” – Куманово

МТФ “Денови на комедија 2026” – Куманово

Традиционалната меѓународна театарска манифестација, која ги обединува актерите од регионот, свечено беше отворена вечерва со премиерата “Смрт на погребот”, во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам на РСМ и Општината. Со пригодна реч, пред публиката се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, нагласувајќи го значењето на фестивалот, кој со години го негува и креира позитивниот дух на градот домаќин. “Денови кога Куманово не спие – Куманово се смее” е мото на 29. издание на фестивалот, со одбрани 11 драмски дела во програмата, составена од признати театарски уметници и стручни лица: - “Смрт на погребот” и “Не можам да платам, не сакам да платам” – НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, - “39 Степеника” – ЈУ Народно позориште – Источно Сараево, - “Болва в уво” – Драмски театар – Скопје, - “Покондирена тиква” – Народно позориште – Приштина, - “Кљукана династија” – Народно позориште – Ниш, - “Кревет за двајца” – Сатиричен театар “Алеко Костантинов” – Софија, - “Сладолед за жени” – НУ Центар за култура Ацо Шопов – Штип и Театар Штип, - “Првиот господин” – Албански театар – Скопје, - “Секстет” – НУ Народен театар – Битола, - “Аматери” – Театар комедија – Скопје. Посебно признание и чест му беше укажано на истакнатиот македонски драмски уметник и шоумен, Игор Џамбазов, овогодишен лауреат, добитник на престижната наградата “Васил Иљоски”, момент кој предизвика воодушевување и овации, кај многубројната публика.
На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општината.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email