11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, во врска со состојбата на депонија Краста и предлог-мерки за справување со зачестени пожари, како и активности, кои би требало да бидат превземени. На состанокот беа присутни претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), Регионален Центар за Управување со Кризи (РЦУК), МВР – СВР Куманово, Совет на Општина Куманово и општинска администрациjа,  а се донесоа следниве препораки, заклучоци и мерки:
  • Континуирано да се продолжи со интензивно гасење на активните пожари на депонијата Краста и дополнително активирање на силите на ТППЕ и екипите на ЈП „Чистота и зеленило“.
  • Да се апелира до ресорно Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, за да се забрза постапката за избор на понудувач, кој треба да ги изведе градежните работи за изградба на претоварна станица за комунален отпад на депонијата Краста, како и нејзино санирање и конечно затворање.
  • Се бара од Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) да обезбеди дополнителни возила со цистерни за вода за справување со пожарот и градежна механизација (булдожер), за нанесување на нови слоеви на земја поради санација на депонијата.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
Јавно известување