
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска оствари средба со раководните лица на ЈУ Народно позориште од Источно Сараево, директорката Јелена Крстиќ и уметничкиот директор Зоран Тодоровиќ. Повод за пријателскиот прием се доделените награди за најдобра театарска претстава – “39 Степеника” и најдобра режија на Ана Григоровиќ, на 29. издание на традиционалната меѓународна манифестација “Денови на комедија 2026” во Куманово.
Гостите од Источно Сараево се сретнаа и со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Во пригодна атмосфера беа нагласени досегашната успешна соработка меѓу двете општини и размената на културните вредности, кои придонесуваат во зајакнување на пријателските односи.