Публиката во Занаетчиски дом, вечерва го проследи првиот дел од програмата на фестивалот Art Attack, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Општината.Актерот Марјан Георгиевски настапи со stand up комедијата “За македонските работи”, најпозната и најпопуларна комедија во Македонија. Името на шоуто е хумористична и сатирична парафраза на култната книга “За македонцките работи”, од македонскиот преродбеник, Крсте Петков Мисирков.Актерот преку комедијата го претстави македонскиот менталитет, секојдневието, традицијата и општествените апсурди.Вториот дел од фестивалската програма е претставата за деца “Најдобриот непријател”, која ќе се реализира на 20 октомври, во Занаетчиски дом.