Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Тринаесетта седница на Советот на Општина Куманово

На 04 јули 2018 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот  ќе се одржи тринаесеттата седница на Советот на Општина Куманово.

Дневен ред

  • Усвојување на записниците од Единаесеттата и Дванаесеттата седница на Советот на Општина Куманово
  1. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на недвижна ствар која треба да биде предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  2. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2018 година до 30 јуни 2018 година;
  3. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;
  4. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек суводолица Бучар – „Канал 1“, „Канал 2“ и „Канал 3“ низ село Романовце, опфатен со планска документација Урбанистички план за село Романовце – Општина Куманово;
  5. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општина Куманово.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст