11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Примопредавање на хуманитарна донација во ЈЗУ Општа болница – Куманово

Примопредавање на хуманитарна донација во ЈЗУ Општа болница – Куманово

На покана на Големиот Приорат на Витезите Темплари OSMTH Македонија, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски со претставници од општинската администрација, денеска присуствуваше на примопредавањето на вториот дел од хуманитарната донација во ЈЗУ Општа болница – Куманово. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Австрија во РСМ, Н.Е. Мартин Памер. Донацијата е дел од заедничката хуманитарна иницијатива на Големите Приорати на Витезите Темплари OSMTH Македонија и Австрија, во чии рамки се обезбедени вкупно 45 болнички кревети и придружна опрема, со цел да се подобрат условите за претстој и лекување на пациентите во болницата. Во првиот дел на донацијата беа предадени 16 болнички кревети, а денеска дополнително преостанатите 29 кревети со душеци, масички и 18 грејалки.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email