Денес општина Куманово е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупција ) при Советот на Европа. Посетата на тимот кој ќе престојува од втори до шести ноември во државата, се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречување на корупција и промовирање на интегритетот на локално ниво. Во рамките на посетата на општината, експертскиот тим оствари средби со Градоначалникот, секретарот, претседателот на Совет, советници и дел од раководители во општината, дел од директори на јавни претпријатија и дел од членови на управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, со цел оценување на постојните антикорупциски механизами, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување,како и добрите практики во работењето.