11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Обучени за подобра услуга” – генеречки обуки за административни службеници

“Обучени за подобра услуга” – генеречки обуки за административни службеници

Во организација на Министерството за јавна администрација на РСМ, денеска се одржаа генерички обуки за административни службеници, во салата на зградата во поранешен Комитет, во Куманово.
На едукативниот јавен настан присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски и секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска.
Настанот го отвори министерот за јавна администрација, Горан Минчев, со воведно обраќање пред присутните претставници од општинската администрација, јавните институции и установи и претставници од приватниот сектор од Куманово.
Присутните имаа можност да проследат обуки на три теми: менторство, комуникациски вештини и еднаквост и недискриминација, од страна на стручни едукатори од повеќе области: менаџмент, тренери за личен развој и лидерство со искуство во проекти за развој на јавен и приватен сектор, социолози, експерти за менторство и женско претприемништво, раководител на ЕУ проекти и развој во јавен и приватен сектор, психолог и гешталт психотерапевт, правни експерти и стручни соработници на теми еднаквост и недискриминација.
Основна цел на овие обуки е унапредување на професионалниот развој на административните службеници.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email