Во чест на одбележувањето на 507 години од постоењето и 82 години од ослободувањето на градот, градоначалникот Максим Димитриевски, во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, организираше празнична средба за поранешни градоначалници и претседатели на Советот на Општината, претставници од државни институции и здруженија на граѓани, во салата на Општина Куманово.
На пригодниот настан присуствуваа претставници од Сојуз на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија (1941-1945) и граѓани продолжувачи – Општински одбор Куманово, претставници од Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС, претставник од СВР – Куманово и од Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Куманово.
На приемот беа разменети искуства од претходниот период во развојот на Општината и беа споделени идеи за можни новини, прогресивен развој и достигнувања, кои би биле од витално значење за граѓаните на Куманово.