11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Пехар на Градоначалник” – турнир во одбојка за жени

“Пехар на Градоначалник” – турнир во одбојка за жени

Традиционалната спортска манифестација “Пехар на Градоначалник” во чест на празникот 11 Ноември – Ден на градот, се одржа денеска во спортската сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово, во организација на Општинскиот сојуз на спортови Куманово и Општинскиот сојуз на училишен спорт.
На празничниот турнир учествуваа две екипи од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” и по една екипа од ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков” и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ”, кои го демонстрираа прогресивниот развој на женската одбојка во градот, преку борбеноста и фер – плеј игра, создавањето на нови пријателства и незаборавни спортски моменти.
Победничкиот преоден пехар го додели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, на еден од гимназиските тимови, упати  честитки до најуспешните одбојкарки, нагласувајќи дека победата е важна, но уште поважен е достоинствениот настап и непобедлив дух, кој ги краси бројните генерации на кумановските легендарни спортисти. Награди, признанија и пехари добија и екипите кои го освоија второто и третото место.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email