11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Традиционална улична трка – празнична манифестацијa  

Традиционална улична трка – празнична манифестацијa  

Најмасовната спортска манифестација по повод празникот 11 Ноември, се одржа денеска, низ улиците на централното градско подрачје, во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт Куманово.

Во уличната трка учествуваа приближно 600 ученици и 40 наставници по физичко и здравствено образование од основните и наставници по спорт и спортски активности од средните кумановски училишта.
Стартот на трката беше означен на повеќе локации, зависно од возрасната категорија на учесниците, а целта и церемонијата на доделувањето на награди, медали и подароци, се одржа на градскиот плоштад “Нова Југославија”.
На спортскиот настан присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководители од општинската администрација.
Со големиот број учесници и спортскиот дух, уличната трка уште еднаш ја потврди својата традиција и значење како дел од празничните активности, промовирајќи ги спортот, физичката активност, дружењето и здравите животни навики кај младите.

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email