Општина Куманово ги известува граѓаните дека на 16.11.2026 година (понеделник) на дел од ул.„425“ (пат за с.Тромеѓа), ќе започнат градежни активности за реконструкција на наведената улица.
Општинскиот линиски превоз на патници на релација Бедиње – с.Тромеѓа (бр.8), нема да може да се одвива по утврдениот возен ред, односно ќе се одвива по ул.„400“, се додека не се обезбедат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот на улица „425”.
Се упатува апел до граѓаните да бидат внимателни, трпеливи и да имаат разбирање за време на изведувањето на градежните работи и одвивањето на сообраќајот.