11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово

Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово

Во организација на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР), денеска во кружната сала на поранешен Комитет, се одржа првата работилница за подготовка на Стратегијата за локален економски развој на Општина Куманово, за периодот 2027 – 2031 година.
На првата средба беше презентирана методологијата за работа, динамиката на процесот и анализите на ситуациите, на кои се базира изработката на документот. Развојот и имплементацијата на овој стратешки документ е од вистинско и суштинско значење на иднината на Општина Куманово. Преку овој процес, директно се дефинираат насоките за одржлив економски раст, привлекување инвестиции, поддршка на локалниот бизнис – сектор и создавање на нови работни места. Посебен акцент е ставен врз младите и нивниот развој, со цел да се овозможи подобар квалитет на живот за сите граѓани.
На настанот учествуваа претставници од општинската администрација, членови на Советот, претставници од здруженија на граѓани и бизнис заедницата.

Изјава на Ахмет Јашаровски

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Соопштение