11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Одбележани 78 години постоење на ООУ „Крсте Мисирков“

Одбележани 78 години постоење на ООУ „Крсте Мисирков“

Под мотото „Потомци на Мисирков“, ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово свечено го одбележа својот патронат, посветен на 78 години постоење, знаење, посветеност и создавање успешни генерации. По тој повод делегации на Совет на Општина Куманово и Сектор за образование положија свежо цвеќе пред бистата на Крсте Мисирков, оддавајќи почит на неговиот неизмерен придонес за македонскиот јазик и идентитет. Во рамки на одбележувањето се одржа и свечена седница во Занаетчиски дом, на која директорката на училиштето преку пригодно обраќање го истакна значењето на долгогодишната образовна традиција, постигнатите резултати и континуираната посветеност на наставниот кадар во воспитно – образовниот процес. Свеченоста беше збогатена со културно – уметничка програма, подготвена од страна на учениците и наставниците, кои преку своите настапи ја покажаа креативноста, талентот и почитта кон патронот на училиштето. Во знак на благодарност за долгогодишниот професионален ангажман и придонес во образованието, беа доделени плакети на пензионирани вработени. Седумдесет и осум години посветеност на образованието се потврда за значењето на училиштето како место каде што се стекнува знаење, се градат вредности и се создаваат личности, кои придонесуваат за иднината на општеството.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Соопштение