Денеска во Занаетчиски дом по 16 – ти пат беше одбележан Денот на албанската азбука, организиран од Здружението „Недела на албанската култура“ со поддршка на Општина Куманово.
Пред присутните се обрати претседателот на Здружението Агим Белули, кој говореше за значењето на Денот на албанската азбука, неговата историска вредност, како и за важноста на зачувување и афирмација на албанскиот јазик, писменоста и културниот идентитет.
Во рамките на културно – уметничката програма настапија ученици од општински основни и средни училишта, со интерпретација на лични прозни дела и литературни творби, како и на дела на познати автори, придонесувајќи во афирмација на културните вредности.
Организаторите доделија благодарници на сите учесници, како и на пензионирани вработени од основните училишта “Наим Фрашери” и “Бајрам Шабани”, за нивната долгогодишна посветеност и ангажман во промовирање на албанската култура и традиција.
Одбележувањето на Денот на албанската азбука е потврда за богатството на културната разноликост и меѓусебното почитување во Куманово, како обележја на националниот идентитет и културната традиција.