11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Јавна трибина за машкото здравје во Куманово

Јавна трибина за машкото здравје во Куманово

Согласно со превенцијата како најважен чекор кон здрав живот, по повод месецов посветен на машкото здравје, Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово одржа јавна трибина на тема „Машки муабети“, во просториите на поранешен Комитет.

На трибината учествуваа ученици од медицинската струка при ОСТУ „Наце Буѓони“, кои презентираа теми поврзани со машкото здравје, превенцијата и важноста од навремено препознавање на здравствените ризици.

Своето стручно мислење и искуство го споделија и доктори од Куманово, кои дискутираа за значајни аспекти на машкото здравје, уролошките заболувања, превентивните прегледи и грижата за сопственото здравје.

Целта на трибината е да се поттикне отворен разговор за теми кои често се занемаруваат, да се подигне свеста за важноста на редовни здравствени прегледи и да се охрабрат мажите да преземат одговорност за своето здравје.

На јавната трибина присуствуваа претставници на општинска администрација, општински училишта, јавни претпријатија и здруженија.

Присутните добија симболични подароци – шолји изработени од корисниците на Центарот за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 – годишна возраст “Порака наша”, со што беше дадена поддршка на нивната креативност, труд и вклученост во општествените активности.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email