11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Завршен настан на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“

Завршен настан на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“

Во Занаетчиски дом се одржа завршен настан на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“, спроведен од Здружението „Доверба“ – Куманово, со поддршка на Општина Куманово, во партнерство со општинските основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“.

Дивна Јанкова од Здружението ги презентираше реализираните активности и постигнатите резултати, додека менторите и учениците говореа за стекнатите искуства и значењето на ваквиот пристап во училиштата.

Преку практични примери, две сценарија за врсничка медијација и едукативни видеа, учениците пренесоа пораки за почитување на различностите, мирна комуникација и поддршка.

Преку отворена дискусија беше посочена потребата од континуирано залагање во спречување на врсничко насилство и активно вклучување на сите чинители.

Посебен придонес на проектот е воспоставување на два клуба за врсничка медијација, во кои учениците ќе можат да разговараат за проблемите и да учествуваат во нивно мирно надминување.

Беа доделени сертификати на наставниците, учениците и менторите за нивниот ангажман.

На манифестацијата присуствуваа претставници на Општина Куманово, општинските училишта, родители и ученици.

Општина Куманово останува посветена на поддршката на образовни програми, што придонесуваат за превенција од насилство и развивање позитивни односи во училиштата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email