11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Бадникова поворка во Куманово

Бадникова поворка во Куманово

Во Куманово по единаесетти пат се одржа традиционалната манифестација во чест на големиот христијански празник, Бадникова поворка, составена од деца и родители, во организација на здружението “Бадникови поворки” – Скопје, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово. Поворката ја предводеа коледари, кои и оваа година тргнаа од Соколанскиот парк, до градскиот плоштад, ја носеа пештерата со икона на Богородица и Исус Христос и пееја божиќни песни со ѕвезди во рацете. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, на учесниците во Бадниковата поворка, во Занаетчиски дом, им поделија божиќни подароци, со желби за среќа, благосостојба и добро здравје. Празничниот настан беше збогатен со културно – уметничка програма, во духот на традицијата, со песни и стихови, во изведба на децата бадникари, кои учествуваа во поворката.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email