Закажаната втора средба помеѓу претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, координаторите на советничките групи (листи) и претставници на граѓани, поранешни работници во странство (Авганистан и Ирак), се реализираше денеска, во салата на Општина Куманово. На конструктивниот состанок беа изложени информациите од одржаната средба со директорката на УЈП, по што се дискутираше за продолжување на поддршката и препораките од страна на Советот на Општината. Советниците до засегнатите граѓани, доставија неформални предлог заклучоци за разгледување, по кои ќе следува дефинирање на барањата, односно точките на дневниот ред, на наредната седница на Советот на Општината.