Општинскиот совет за превенција и Отсек за превенција при СВР Куманово спроведоа финале во квиз на знаење за општинските основни училишта на македонски наставен јазик. Во финалето се пласираа 54 ученика, од кои по третиот круг на тестирање 15 влегоа во суперфиналето. Првото место му припадна на Душан Кипријановски од ООУ “11 Октомври”, второто место го освои Дарија Стефановска од ООУ “Крсте Мисирков”, а третото Дамјан Стојановски од ООУ “Браќа Миладиновци”.
Квизот наиде на позитивен одзив, заинтересираност и упорност од страна на учениците во сите три круга на натпреварување, кој има едукативен карактер. Учениците се стекнаа со нови знаења, проширувајќи ги досегашните пријателства.
Победниците во квизот на знаење од организаторите добија ваучери за школски прибор, а беа доделени и благодарници на натпреварувачите во потесниот круг од финалниот квиз.