11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Делегација од Израел во посета на Општина Куманово

Делегација од Израел во посета на Општина Куманово

Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари работна средба со делегација од Израел во состав: Michael Goldstein, Isabella Goldstein и Eyal Ashkenazi. Во придружба на почесниот конзул на Израел Градимир Шумковски присуствуваа: Тони Менкиноски, Трајан Балканов и Љубомир Гајдов. Заедно со градоначалникот беа претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, помошник рaководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР Донка Петровска, претседател на ЛЕСС Најден Бајдевски и претставник на локалната бизнис заедница Благоја Бајдевски.

На средбата се разговараше за можности за воспоставување партнерство помеѓу Еилат, Хаифа и Куманово, за потенцијални заеднички проекти во областа на прехранбената индустрија и агробизнисот, вклучување на локални компании во понатамошни економски иницијативи, размена на искуства и можности за инвестиции преку институционална и бизнис соработка на локално ниво.

Од денешната продуктивна средба произлегоа идеи и предлози за реализација на проекти, кои ќе имаат огромно значење за граѓаните на двете страни.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email