Денеска во салата на Општина Куманово, се одржа состанок помеѓу претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, координаторите на советничките листи, со претставници на граѓани кои работеле во странство (Авганистан и Ирак).
Претседателката на Советот и советниците ги запознаа засегнатите граѓани со ингеренциите на Советот, како орган на локалната самоуправа. Од страна на засегнатите граѓани беа претставени проблемите и барањата до советниците. Присутните ја оценија работна средба како контруктивна. Претседателката и координаторите искажаа поддршка за решавање на нивниот проблем, во рамки на надлежностите на Советот.
Закажана е повторна средба, во ист состав, во понеделник (02.02.2026 г.)